Nokia 6720 classic - Инсталирање на апликации и софтвер

background image

Инсталирање на апликации и софтвер

Можете да префрлувате инсталациони датотеки на

Вашиот уред од компатибилен компјутер, да ги

даунлоадирате во тек на пребарување, или да ги

испратите во мултимедиа порака, како e-mail прилог, или

користејќи други методи на конективност, како што е

Bluetooth конективност. Можете да користите Nokia

Application Installer во Nokia Ovi Suite за да инсталирате

некоја апликација во Вашиот уред.
Иконите во управување со апликации го покажуваат

следново:

.sis или .sisx апликација

Java™ апликација

апликацијата не е целосно инсталирана

апликацијата е инсталирана на мемориската

картичка

Важно: Инсталирајте и користете апликации и друг

софтвер само од доверливи извори, како што се

апликациите што се потпишани од Symbian Signed или го

поминале Java Verified тестирањето.

Пред инсталацијата, имајте го на ум следново:
● За да го видите типот на апликацијата, бројот на

верзијата, и обезбедувачот или производителот на

апликацијата, одберете Options > View details.
За да ги прикажете деталите за сертификатите на

безбедност за апликацијата, одберете Details: >

Certificates: > View details.

● Ако инсталирате датотека кој што содржи надградба

или поправка на постоечка апликација, можете само

да ја вратите оригиналната апликација ако ја имате

оригиналната датотека за инсталација или целосна

резервна копија на отстранетиот софтверски пакет. За

да ја вратите оригиналната апликација, отстранете ја

апликацијата, и повторно инсталирајте ја

апликацијата од оригиналната датотека за

инсталација или од резервната копија.
JAR датотеката е потребна за инсталирање на Java

апликации. Ако таа недостига, уредот можеби ќе бара

да ја даунлоадирате. Ако нема дефинирано пристапна

точка за апликацијата, ќе Ви биде побарано да

одберете една. Кога ќе ја даунлоадирате JAR

датотеката, можеби ќе треба да внесете корисничко

име и лозинка за да пристапите на серверот. Овие ќе ги

добиете од добавувачот или производителот на

апликацијата.

За да инсталирате некоја апликација или софтвер,

сторете го следново:

© 2009 Nokia. Сите права се задржани.

76

background image

1. За да лоцирате инсталациона датотека, одберете

>

Settings и App. mgr.. Алтернативно,

пребарувајте инсталациони датотеки користејќи го

Управување со датотеки, или одберете Messaging >

Inbox, и отворете некоја порака која содржи

инсталациона датотека.

2. Во Управување со апликации, одберете Options >

Install. Во други апликации, одберете ја

инсталационата датотека за да започне

инсталирањето.
За време на инсталацијата, уредот покажува

информација во врска со напредокот на

инсталацијата. Ако инсталирате апликација без

дигитален потпис или сертификација, уредот

прикажува едно предупредување. Продолжете со

инсталацијата само ако сте сигурни за потеклото и

содржините на апликацијата.

За да отворите инсталирана апликација, одберете ја

апликацијата. Доколку апликацијата нема дефинирано

определена папка, таае е инсталирана во Installations

папката во главното мени.
За да видите кои софтверски пакети се инсталирани или

отстранети и кога, одберете Options > View log.

Важно: Вашиот уред може да поддржува само

една антивирусна апликација. Имањето на повеќе од

една апликација со антивирусна функционалност може

да влијае на работењето или да предизвика уредот да

престане да функционира.

Управување со податоци

Откако ќе инсталирате некои апликации на

компатибилна мемориска картичка, датотеките за

инсталација (.sis, .sisx) остануваат во меморијата на

уредот. Датотеките може да користат голема количина на

меморија и може да Ве спречат да зачувувате други

датотеки. За да одржувате доволно меморија, користете

Nokia Ovi Suite за да направите резервни копии на

датотеките за инсталација на компатибилен компјутер,

потоа користете го управувањето со датотеки за да ги

отстраните датотеките за инсталација од меморијата на

уредот. Ако .sis датотеката е прилог на порака, избришете

ја пораката од дојдовното сандаче за Пораки.