 
Читач на пораки
Со Читачот на пораки можете да слушате текст,
мултимедија, и аудио пораки и e-mail.
За да ги промените прилагодувањата за читање пораки
во апликацијата Говор, одберете Options > Speech.
© 2009 Nokia. Сите права се задржани.
41
 
Пораки
За да слушате нови пораки или e-mail, во почетниот
екран, притиснете и задржете го левото копче за
одбирање се додека не започне Читачот на пораки. 
За да слушате пораки од папката на Вашето Дојдовно 
сандаче или e-mail од Вашето Поштенско сандаче,
одберете некоја порака и Options > Listen. За да го
стопирате читањето, притиснете го копчето за
завршување. 
За да паузирате или продолжите, притиснете го копчето 
за скролување. За да прескокнете на следната порака
или e-mail, скролувајте десно. За повторно да ја пуштите
моменталната порака или e-mail, скролувајте лево. За да
ја прескокнете претходната порака, скролувајте лево два
пати. За да ја прилагодите јачината на звукот, скролувајте
горе или долу. 
За да ја видите моменталната порака или e-mail во 
текстуален формат без звукот, одберете Options >
View.