
Совети за внесување на текст
За да внесете број во режимот на буквите, притиснете и
задржете го посакуваното копче на бројот.
За да се префрлате помеѓу различните режими на знаци,
притиснете #.
За да избришете некој карактер, притиснете C. За да
избришете повеќе од еден карактер, притиснете и
задржете C.
Најчестите правописни знаци се достапни под бројот 1. За
да скролувате низ нив еден по еден, ако користите
традиционално внесување на текст, притиснете 1
© 2009 Nokia. Сите права се задржани.
38

Пораки
последователно. Ако користите предвидливо внесување
на текст, притиснете 1, и потоа * последователно.
За да отворите листа со специјални карактери, притиснете
и задржете *.
Совет: За да одберете неколку специјални знаци од
листата на специјални знаци, притиснете 5 по секој
обележан знак.