Assisted GPS (A-GPS)
Вашиот уред исто така поддржува assisted GPS (A-GPS).
A-GPS бара мрежна поддршка.
Assisted GPS (A-GPS) се користи за да се превземат
податоци за помош преку пакет дата конекција, кои што
помагаат во пресметувањето на координатите на Вашата
моментна локација кога Вашиот уред прима сигнали од
сателитите.
Кога активирате A-GPS, Вашиот уред прима корисни
сателитски информации од сервер за помош на податоци
преку мобилната мрежа. Со помошта од помошните
податоци, Вашиот уред може побргу да ја добие GPS
позицијата.
Вашиот уред е преконфигуриран за користење со Nokia A-
GPS услугата. доколку не се достапни A-GPS
прилагодувања кои се во зависност од обезбедувачот на
услугите. Помошните податоци се повраќаат од Nokia A-
GPS серверот за услугата само кога е потребно.
За да ја исклучите A-GPS услугата, одберете
>
Settings > Connectivity > GPS data и Options >
Positioning settings > Positioning methods > Assisted
GPS > Options > Disable.
Мора да имате дефинирано пристапна точка за интернет
во уредот за повраќање на помошни податоци од Nokia
A-GPS услугата преку пакет дата конекција. Пристапната
точка за A-GPS може да се определи во прилагодувањата
за позиционирање. Само пакет дата интернет пристапна
точка може да се користи. Вашиот уред Ве прашува да ја
одберете интернет пристапната точка кога GPS се користи
за прв пат.