Nokia 6720 classic - Мапи

background image

Мапи

Одберете

>

Maps.

Со Мапи можете да ја видите Вашата моментална

локација на мапата, да пребарувате мапи од различни

градови и држави и можете да пребарувате адреси и

места на интерес. Истотака можете да планирате маршути

и да добиете упатување за навигација на автомобил или

пешаци. Доколку ги зачувате Вашите омилени локации и

маршути на Вашата Nokiа сметка, можете да ги

организирате во колекции и да ги синхронизирате

зачуваните објекти помеѓу Вашиот мобилен уред и

интернет услугата Ovi Maps.
Истотака можете да прегледувате информации за

временски услови, сообраќај, настани, патувања или

други детали за локација, доколку се достапни во Вашиот

регион или држава.
Кога употребувате Мапи за прв пат, можеби ќе треба да

одберете интернет пристапна точка за даунлоадирање на

мапи.
Кога имате некоја активна дата конекција и ја

пребарувате мапата на екранот, нова мапа автоматски се

даунлоадира, ако пребарувате во област која не е

© 2009 Nokia. Сите права се задржани.

32

background image

покриена со мапите кои се веќе даунлоадирани. Можете

исто така да го користите Nokia Map Loader PC софтверот

за да даунлоадирате мапи. За да инсталирате Nokia Map

Loader на компатибилен компјутер, одете на

www.nokia.com/maps.

Забелешка: Даунлоадирањето содржини како

што се мапи, слики од сателити, гласовни датотеки,

водичи или информации за сообраќај може да вклучуваат

пренос на големи количини на податоци (мрежна услуга).

Совет: За да избегнете трошоци за префрлување на

податоци, можете исто така да користите Мапи без

интернет конекција и да ги пребарувате мапите кои

се зачувани на Вашиот уред или мемориска

картичка, доколку е достапно. Кога користите Мапи

без интернет конкекција, некои услуги не се

достапни.

Скоро целата дигитална картографија е непрецизна и

некомплетна до некој степен. Никогаш не се потпирајте

единствено на картографијата која што ја даунлоадирате

за употреба во овој уред.
Содржините како што се слики од сателити, водичи,

информации за време и сообраќај и поврзаните услуги се

генерирани од трети страни независни од Nokia.

Содржината може да бидат непрецизна и некомплетна до

одреден степен и е предмет на достапноста. Никогаш не

се потпирајте единствено на гереспоменатата содржина

и поврзаните услуги.
За повеќе информации во врска со апликацијата Мапи во

Вашиот уред, одете на www.nokia.com/support.

Позиционирање