Профили
Одберете
>
Settings > Profiles.
Можете да ги прилагодувате и персонализирате тоновите
на ѕвонење, тоновите за предупредување, и други тонови
за разни настани, околини, или групи на повикувачи.
Активниот профил се прикажува на врвот на екранот во
домашниот екран. Меѓутоа, ако активниот профил е
Општо, се прикажува само денешниот датум.
За да креирате некој нов профил, одберете Options >
Create new и определете ги прилагодувањата.
За да измените некој профил, одберете некој профил и
Options > Personalise.
За да промените некој профил, одберете некој профил и
Options > Activate. Offline профилот го спречува Вашиот
уред од ненадејно вклучување, испраќање или примање
Персонализација
на пораки, или користење на Bluetooth конективност, GPS,
или FM радио; исто така ги затвара интернет конекциите
кои може да се во функција кога е одбран профилот..
Offline профилот не Ве спречува од воспостање на
Bluetooth конекција подоцна, или од рестартирање на GPS
или FM радио, затоа почитувајте ги сите безбедносни
барања кога воспоставувате и ги користите овие услуги.
За да го наместите профилот кој треба да се активира по
определено верме о рок од следните 24 часа, скролувајте
до профилот, одберете Options > Timed, и поставете го
времето. Кога времето ќе истече, профилот се враќа назад
на профилот кој е претходно активен кој временски не е
определен. Кога профилот е определен временски, се
прикажува во домашниот екран. Offline профилот не
може временски да се определи.
За да избришете некој профил што сте го креирале,
одберете Options > Delete profile. Не можете да ги
избришете претходно дефинираните профили.
Важно: Во Офлајн профилот не можете да
остварувате или примате какви било повици, или да
користите други карактеристики за кои е потребно
мобилно мрежно покривање. Сеуште се можни повици
кон официјалниот итен број програмиран во Вашиот
уред. За да остварувате повици, првин ќе морате да ја
активирате функцијата на телефонот со промена на
профилот. Ако уредот е заклучен, внесете го кодот за
заклучување.
© 2009 Nokia. Сите права се задржани.
69
Управување со време