Nokia 6720 classic - Даунлоадирање и купување артикли

background image

Даунлоадирање и купување артикли

Може да даунлоадирате артикли од типот на мелодии,

слики, логоа на операторот, теми и видео клипови.

Артиклите можат да бидат бесплатни, или треба да ги

купите. Даунлоадираните објекти се обработуваат во

апликациите на вашиот уред, на пример, даунлоадирана

фотографија ќе биде зачувана во Галерија.

Важно: Инсталирајте и користете апликации и друг

софтвер само од доверливи извори, како што се

апликациите што се потпишани од Symbian Signed или го

поминале Java Verified тестирањето.
За да даунлоадирате некој објект:
1. Одберете го линкот.
2. Одберете ја соодветната опција за купување на

објектот (на пример, Купи ).

3. Внимателно прочитајте ги сите информации што се

обезбедени.

4. За да продолжите или откажете даунлоад, одберете ја

соодветната опција (на пример, Прифати или

Откажи ).

Кога започнувате некој даунлоад, на екранот се покажува

листа од сите тековни и завршени даунлоади од

моментната сесија на пребарување.

За да ја измените листата, одберете Options >

Downloads. Во листата, одберете некој објект и Options

за да ги откажете тековните даунлоади, или да отворите,

зачувате, или да ги избришете завршените даунлоади.