Полнење на батеријата
Вашата батерија е делумно наполнета во фабриката. Ако
уредот покажува дека е слабо наполнет, сторете го
следново:
1. Вклучете го полначот во ѕиден штекер.
2. Поврзете го полначот
со уредот.
3. Кога уредот
покажува дека е
целосно наполнет,
откачете го полначот
од уредот, а потоа од
ѕидниот штекер.
Батеријата можете да ја
наполните и со USB кабел
за податоци поврзан со компатибилен компјутер.
1. Поврзете го USB кабелот со USB портот на некој
компјутер и со Вашиот уред.
2. Кога батеријата е целосно наполнета, откачете го
USB кабелот за податоци.
Ефикасноста на USB полнењето значајно варира. Во некои
случаеви, може да биде потребно многу долго време за
полнењето да започне и уредот да почне да
фукнционира. Не треба да ја полните батеријата на некое
одредено време, и можете да го користите уредот додека
© 2009 Nokia. Сите права се задржани.
10
За почеток
се полни. Ако батеријата е целосно испразнета, може да
потрае неколку минути пред индикаторот за полнење да
се појави на екранот или пред да можат да се направат
било какви повици.