Вклучување и исклучување на
уредот
Притиснете и задржете го
копчето за вклучување за да
го вклучите или исклучите
уредот. Краткото
притискање на ова копче ги
завршува повиците и
апликациите.
Доколку уредот побара
некој PIN код, внесете го PIN
кодот и одберете OK.
Доколку уредот го побара
кодот за заклучување,
внесете го кодот за
заклучување и одберете OK.
Фабричкото прилагодување
за кодот за заклучување е 12345.
За да ги наместите правилните часовна зона, време и
датум, одберете ја државата во која што се наоѓате, а
потоа внесете ги локалното време и датум.